Телекомуникацискиот оператор денеска ја збогати својата програмска понуда со нови ексклузивни канали, како и со каналите од платформата Sportklub кои повторно се вратени во програмските листи.
Акцијата за купување до 36 рати без камата е посветена на месецот на жената, а на купувачите ќе им се даде можност да изберат и купат неколку IT производи и мали предмети за домаќинство.
Нафтената компанија Окта во текот на 2014 година оствари неколку важни параметри и тоа: зголемен пазарен удел, намалени трошоци, комплетирање на проектите за трансформација, надградба на логистиката, намалена потреба од работен капитал и подобрена ликвидност.
Од трети до седми март оваа година на Скопски саем ќе се одржат Саем на градежништво 2015 и на недвижности RealExpo.
Билансот на успех покажува дека банката во 2014 година оствари нето приходи од камати во висина од 452.391.000 денари, додека една година претходно тие беа на ниво од 173.032.000 денари.
Во 2002 година е направена и првата операција на отворено срце врз буден пациент. Следуваше уште една година за нова историја. Во 2003 година за прв пат во Македонија беше извршена интервенција на детско срце.
Над 560 деца од Македонија и Косово учествуваа на натпреварот организиран од Браинобраин училиштата за развивање на менталните квалитети и капацитети кај децата.
Компанијата Жито Маркети го отвори својот нов супер маркет, трет по ред, во Кочани. Маркетот се наоѓа на самиот влез од градот, на ул. Павлина Вељанова бр. 11.
Компанијата Фруктал Мак АД прикажа загуба од 101.000 денари во 2014 година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Зголемување на прометот во трговијата на мало во јануари оваа година во споредба со истиот период лани е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и Трговија на мало, освен трговија со горива.
Вкупните девизни резерви на крајот на минатиот месец изнесуваат 2.483.690.000 евра, што е за 47.210.000 евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Меките кекси на Витаминка, Фрути се едни од највкусните, потврди оценката добиена од хрватските потрошувачи.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари се пониски за 0,6% на месечни и 6,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Акционерското друштво Раде Кончар – Апаратна техника, во својот неконсолидиран биланс на успех за 2014 година, прикажа добивка од 1.312.000 денари.
Друштвото за управување со отпад Пакомак, заедно со своите 670 компании - членки, за прв пат во Македонија организираат ден без печатење.
Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи, од сите материјални аспекти, објективно ја претставуваат финансиската состојба на НБРМ 31 декември 2014 година.
Компанијата Авиоимпекс прикажа загуба од 5.818.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Компанијата Факом прикажа добивка од 1.410.000 денари во 2014 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи, објавени на Македонска берза.
Алкалоид оствари добивка во висина од 629.127.000 денари во 2014 година, покажуваат неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во декември изнесува 22.407 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според статистиката на ТАВ Македонија, моментно најфреквентна дестинација од аеродромот во Скопје е Истанбул, со 15,7% пазарен удел, а по неа следат Виена, Цирих, Базел - Милхаус, Малме, Лондон - Лутон и Белград.
Социјалното претприемништво во Македонија е во своите првични стадиуми на развој, но постоечките социјални претпријатија покажуваат дека има потенцијал за раст и развој на овој концепт и кај нас.
Акционерското друштво Рудници Бањани оствари добивка во висина од 537.000 денари во 2014 година, стои во неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Во четвртиот квартал од 2014 година дојде до намалување на цените на становите, покажуваат податоците од Кварталниот извештај на Народна банка на Македонија.