Македонски Телеком АД Скопје и Т - Мобиле Македонија остварија нето добивката за 2014 година од 880 милиони денари и истата е намалена за 55,8% во споредба со претходната година.
Целта на настанот е запознавање со можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот за иновации и технолошки развој, како и споделување на успешни иновациски приказни од регионот.
Апаратот Velvet Soft има дијамантски кристали и е многу лесен за користење, дури и повеќепати во денот.
Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2013 е 1,5%.
Акционерското друштво Градски трговски центар оствари нето добивка во висина од 2.158.000 денари во 2014 година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 62,9% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија.
KBC Bank Белгија ја награди Комерцијална банка за извонредност во извршувањето на плаќањата кон странство за 2014 година – Euro STP Excellence Award.
Во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, денеска и утре во Охрид се одржува регионална конференција Земјоделски задруги - придвижувачи на промена.
Над 26.000 годишни сметки се очекува да бидат поднесени по електронски пат до Централниот регистар. Во постапка на поднесување се околу 11.700 сметки, од кои 6.000 се веќе поднесени.
ЛЕАДЕР пристапот е форма на јавно-приватно партнерство базиран на оформување на Локални акциони групи (ЛАГ-ови), здруженија кои се состојат од претставници на јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор.
Уни банка минатата 2014 година ја заокружи со добивка од 67.878.000 денари, покажуваат податоците од неконсолидираниот биланс на успех.
Најголем интерес предизвика богатата програма на кексите, особено Карамел бисквит и интегралниот кекс Деспина, снек производите предводен од автентичниот Стоби Флипс и асортиманот на Бонитас, следени од оригиналниот Чоко Стоби Флипс и чоколадираните производи, чоколадните морски школки Атлантис и квалитетот на Цевитана.
За 30.000 фирми почнува постапката за бришење со тоа што им се дава можност на оние кои предвидуваат стечајна постапка за тоа да го известат Централниот регистар во рок од една година.
На смеките на 17.630 земјоделци се исплатени субвенции за добиточна храна, индустриски и житни култури во висина од 31,7 милиони денари.
Во новиот простор граѓаните ќе можат да се снабдат со широка палета од над 400 здрави продукти од категоријата на диететика и суплементи, органски производи, безглутенски и макробиотски производи, житни продукти.
Заштедите на членовите на Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го надминаа износот од 300 милиони евра.
Одборот на директор на Цементарница Усје констатираше дека Георгиос Герогас поднел оставка на функцијата член на Одборот на директори на друштвото.
Презентација на италијанската технологија за производство на вино, посветена на најновите практики, опрема и технологија за винификација, ќе се одржи денеска во Скопје.
На средбата ќе се разговара за текот на поднесувањето годишни сметки во хартиена и во електронска форма и за можностите за унапредување на соработката помеѓу Централниот регистар и Комората.
Во фокусот на компаниите од балканските земји ќе биде и креирањето нови брендови, како и промоција на економските потенцијали.
Компанијата Уготур од Скопје евидентираше загуба од 3.120.000 денари во текот на 2014 година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Вкупно 130 милиони денари субвенции за градинарски култури се исплатени денеска на сметките на 8.595 земјоделци.
Минатата година во Македонија имало 70.659 активни деловни субјекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Правилно поставената изолација ги намалува трошоците за ладење и греење задржувајќи ја свежината во внатрешноста на домот и намалувајќи ги загубите на топлина.