Новости

Набрзо откако се појави првата порнографска апликација за очилата на Google, компанијата итно ги промени правилата и забрани порнографска содржина.
Во организација на Тускон од Турција, од 18 до 20 јуни 2013 година, во Експо центарот во Истанбул, ќе се одржи најпрестижниот саем за градежништво, градежни материјали, градежни машини и мебел.
Австриската нафтена компанија OMV ја продаде својата филијала во Хрватска на компанијата Кродукс.
Во надворешно-трговската размена Република Македонија во првите четири месеци од годината остварила трговски дефицит од 786,6 милиони американски долари, што е за 73 милиони долари повеќе во споредба со истиот период лани.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека млекопроизводителите до 15 јуни ќе можат да поднесат барања за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април 2013 година.
Уште една новина од Вип-нова Vip Enjoy летна тарифа, која на сите нови и постојни припејд корисници им нуди разговори за 1 денар/минута кон сите мрежи, како и бесплатен и неограничен интернет со секое надополнување на сметката, соопштија од операторот.
Освен атрактивните цени на своите пакети, сите нови корисници на пакетите со три услуги кои ќе потпишат договор на 24 месеци, ја имаат можноста да добијат WiFi рутер (безжичен уред) на подарок.
Суташ млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт, се производите кои се произведени во Скопје и се веќе достапни во Македонија. Суташ фабриката во Скопје, со преработувачки капацитет од 70 милиони литри годишно млеко, започна со производство.
Apple веројатно ќе воведе бесплатно интернет радио коешто ќе може да се користи на мобилните уреди и ќе биде поврзано со iTunes, со опција за купување на музички содржини.
Винарската визба Тиквеш се закити со уште две значајни награди на престижен меѓународен вински натпревар, со што го продолжи трендот на меѓународни признанија од почетокот на годината.
Како главна тема на последниот број на Explorer, водечкиот унгарски магазин за туризам и патувања, се најде Македонија, нејзиното културно-историско наследство и потенцијали во туризмот.
По влегувањето во Европската унија, во втората половина од годинава Хрватска ќе има на располагање околу 70 милиони евра од Европскиот социјален фонд кој е главен инструмент за спроведување на стратешката политика на ЕУ во сегментот на вработувањата.
Индексот на трошоците на животот, како клучен показател за движењето на инфлацијата, во мај во Македонија бележи пораст од 3,4% во однос на истиот месец лани.
Според соопштението на ТАВ Македонија бројот на патници кои во мај ги користеле услугите на двата македонски аеродроми е зголемен за 27% споредено со истиот месец лани.
Компанијата Атлантик Група накратко се приклучи на тековната еколошка акција на Пакомак, Радио Бубамара и скопските општини и ги награди со свои производи одделенијата кои биле најуспешни досега во собирањето на пластична амбалажа.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од годинава во Македонија имало 4.692 слободни работни места.
Од 1 јули стапува на сила законската обврска за тримесечните ДДВ обврзници кои наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка треба да ги поднесуваат по електронски пат до Управата за јавни приходи.
Според пишувањето на Новости, банкарите ќе мора да пресметаат колку пари повеќе им земале на клиентите зголемувајќи ги каматите на кредитите, со објаснување дека тоа е во согласност со “политиката на банката“.
Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за еден денар, а цената на дизелот останува иста.
Германската ИТ компанија SAP планира до 2020 година да вработи 650 лица со аутизам, затоа што, како што велат од компанијата, сакаат да работат со луѓе кои размислуваат поинаку.
Од фармацевтската компанија Алкалоид денес соопштија дека по тригодишна процедура на анализи, процени и проверки од страна на експертски тимови е одобрен пласман на антибиотик од компанијата, на пазарите на водечките европски економии.
По повод 1 јуни, Меѓународниот ден на детето, традиционално трета година по ред најголемата софтверска компанија во земјата Seavus организираше настан под името Seavus Kids Day.
Новинарите од специјализираното електронско издание на Бизнис инсајдер изработија ранг - листа на најлоши авиокомпании во светот, врз основа на лични впечатоци и мислења на патниците.
Турскиот институт Јунус Емре во соработка со Халкбанк Турција годинава започна со проект за зачувување на традиционалните турски ракотворби на Балканот. Идејата произлегува од настојувањата да се спречи исчезнувањето на постоечките традиционални занаети.