Новости

Во 2000 година, ЕУ забрани увоз на млечни производи, на млеко и јогурт од Турција, затоа што овие продукти не ги задоволуваа европските стандарди за храна.
Oд 1 април 2013 година УНИБанка АД Скопје го намали еднократниот надоместок за одобрување на 1,25% за програмата на кредитни продукти наменети за граѓаните.
Компаниите Хјундаи и Киа повлекуваат од пазарот во САД скоро 1,9 милиони возила поради проблеми со воздушните перничиња и прекинувачите за светлата за сопирачки.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денес во Битола и Ресен, ќе зборува на ИПАРД форумите Нови измени во ИПАРД Програмата - подобри можности за користење на европските фондови.
Швајцарската компанија Нестле најави дека ќе инвестира 16 милиони долари во центри за производство на кафе во Кина.
Преставници од компании членки на Сојузот на стопански комори ќе присуствуваат на денешната средба Стопанството во Пелагонискиот регион.
ЛОТ минатата година ја заврши со оперативна загуба од 28 милиони евра, а преживува благодарение на државни субвенции.
Вкупно 209 милиони денари вчера беа исплатени на 4.980 сточари за одгледување овци, говеда, пчели и маторици.
Новиот Mercedes-Benz CLA, моментно еден од најбараните автомобили во Европа, од денеска ќе биде присутен и на македонските улици.
Примената на концептот Овластен економски оператор (ОЕО) ќе овозможи компаниите од земјите членки на ЦЕФТА да вршат самостојно царинење при извоз и увоз, со цел да се обезбеди побрза и поевтина трговија.
Словенечкиот парламент за нов гувернер на словенечката централна банка го избра економистот Боштјан Јазбец (43). Мандатот на Јазбец започнува кон средината на јуни, кога завршува шестгодишниот мандат на сегашниот гувернер Марко Крањец.
Корисниците на кој било интернет пакет од Македонски Телеком и постпејд интернет корисниците на T-Mobile ќе добијат бесплатен и неограничен интернет на Telekom HotSpot.
Власите на шест европски земји покренаа постапка против американската компанија Google, барајќи од неа да ја усклади политиката за заштита на приватноста со европските закони, соопшти француската Агенција за заштита на податоци.
Данската компанија за производство на играчки Лего соопшти дека ќе престане да ја произведува играчката од едицијата Војна на ѕвездите која потсетува на џамија.
Хидросистемот Оризарска Река, кој е објект со огромно значење во Источна Македонија, ќе се реализира до 2017 година.
Ланецот ресторани за брза храна Subway се враќа во Словенија. Пред крајот на јуни планирано е да се отвори ресторан во центарот на Љубљана.
Винарската визба Сковин вчера целосно ги исплати обврските кон лозарите за 2012 година пред истекот на законскиот рок.
Специјализираното издание на Financial Times, fDi Intelligence ја прогласи фабриката на германската компанија Дрекслмаер што се гради во Кавадарци, за најдобра во категоријата производство.
Понудите за Optic пакетите од Македонски Телеком продолжуваат до 30 јуни 2013 година. До 30 јуни корисниците можат да пробаат Optic пакет со интернет со брзина на светлината без никаква доплата.
Преставници на дваесеттина турски компании, членови на Балканската асоцијација на индустријалци и бизнисмени од Румели (BALKANSİAD), Турција, на 15 април доаѓаат во посета на Македонија, со цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности
Извршниот директор на Фиат Серџо Маркионе не сака да го продаде брендот Алфа Ромео на Фолсваген, но можеби италијанската компанија и покрај се, преку Ауди ќе се спои со Германците.
Стопанска банка АД - Скопје на своите клиенти им излегува во пресрет со подобрени услови за станбен кредит.
Извршниот директор на Apple, Тим Кук, официјално им се извини на кинеските потрошувачи откако технолошкиот гигант беше подложен на критики во кинеските медиуми за "арогантно однесување" и примена на двојни стандарди.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе го означи почетокот на изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ќе ги гради компанијата Сол Хидропауер дооел Скопје, во општина Теарце.