Она што треба да се направи е да се фотографира растението и апликацијата веднаш е подготвена да го даде одговорот за неколку секунди.
LG ProBeam е опремен со ласер којшто создава светлина до 2.000 лумени, што го прави погоден за употреба и на дневна светлина. Овој проектор е лесно пренослив бидејќи тежи само 2,1 килограми.
Ellie е мобилен уред што за кратко време стерилизира: бебешки шишиња, цуцли, четки за заби, шминка, клучеви и други предмети што се за секојдневна употреба, а кои во исто време се извор на безброј бактерии.
Неговите маски, како што вели тој, се уметничко дело со кое го изразува својот протест против загадувањето на животната средина, а не средство за заработувачка.
Она што ќе се испечати, без никаков проблем може да остане еден до два дена, по што исчезнува.
Роботското одело е опремено со бројни сензори и компјутер којшто ја следи положбата и движењето на телото, брзо ги обработува податоците и овозможува моторна асистенција кога личноста ќе стане од стол, седне, подигнува раце и слично.
Причината поради којашто се поставува оваа тоалетна хартија се последните резултати од истражувањата што покажуваат дека на екраните на мобилните уреди има повеќе бактерии одошто во јавните тоалети во Јапонија.
Рекламата ја виделе само неколку стотици луѓе, бидејќи во тоа време во САД имало 4.000 телевизори.
За сè да биде на свое место, масата е поврзана со кевларски конец со што се одржува балансот, додека магнетската противтежа овозможува левитација и нежно амортизирање при ставање на предмети на масата.
Покрај собите за гости, во хотелот ќе има и простор од 3.700 метри квадратни наменети за состаноци и други настани и 930 метри квадратни видиковец од каде ќе може да се набљудуваат авионите.
Идејата е структурата да ја рефлектира околината. Мостот ќе биде изграден со користење на огледала од нерѓосувачки челик, а подот ќе биде направен од црн камен што станува рефлективен кога ќе се намокри.
NASA успешно ја лансираше ракетата Pegasus XL, којашто со себе во орбитата понесе осум сателити – CYGNSS. Нивна задача ќе биде да ги анализираат ветровите на површината на океаните кога има бури.
Јапонскиот национален авиопревозник, Japan Airlines, планира старата облека да ја претвора во гориво, којшто како алтернативен енергетски извор може да се тестира на почетокот на 2020 година.
Уредот има ергономска форма што не му пречи на корисникот, лесно се прилагодува на движењата и ја поедноставува работата на компјутер.
Vixole се персонализирани патики со флексибилни LED екрани, на коишто корисникот може да постави анимација, дизајн или фотографија од неговиот мобилен телефон.
Во кутијата може да се складираат четири телефони, а откако корисникот ќе го стави телефонот во неа, потребно е да го внесе времето кое сака телефонот да биде заклучен.
Неговата максимална брзина изнесува 25 километри на час, а тежи 12,5 килограми и може да го користи личност со тежина до 75 килограми.
На меѓународниот научен натпревар на Google, 13 – годишната Анушка го освои првото место и стипендија од 15.000 долари.
Фјодор може да ползи, да стане ако падне, вклучува светло, отклучува и може да вози автомобил. Висок е 180 сантиметри, а зависно од опремата тежи од 106 до 160 килограми и може да крева товар до 20 килограми.
Авионите - 50 од моделот 737 и 30 од моделот 777, ќе бидат доставени во наредните 10 години.
Планот е OHorizons, преку овој филтер, да обезбеди вода за пиење за еден милиони луѓе во Бангладеш до 2021 година.
Рачно аплицираните сијалички на овој автомобил може да се испрограмираат така што да прикажуваат било каква графика или видео содржина.
Овие градежни блокови имаат висок квалитет, а ниска цена поради материјалите што ги користат. За нивно производство користат пепел и остатоци од куќите во појасот Газа.
Овој дрон е опремен и со квалитетна камера од 14 мегапиксели и може да снима видео со агол од 360 степени.