Sence е исклучителен по својот дизајн, но и функционалност. Уредот има сензор што се поставува на перницата на корисникот, со чија помош се собираат податоците, по што се прави анализа на спиењето.
Истражувањата покажуваат дека панелите се поефикасни доколку се позиционираат од исток кон запад, додека поголемиот дел од соларните панели во Велика Британија се поставени кон југ.
Info connectivity system е one stop shop, кој на патниците им ги нуди потребните информации за патување на соодветен јазик.
Јапонија се обидува на Олимписките игри во 2020 година, што ќе се одржат во Токио, да организира и натпревари на роботи.
На интернет страницата на старт – ап компанијата Madbits се појави известување според кое нивниот тим се присоединува кон Twitter.
Најпопуларната социјална мрежа Facebook повеќе нема да им овозможува размена на пораки на своите корисници преку мобилната апликација како досега, туку тоа во иднина ќе го прават преку Messenger.
Се претпоставува дека целта на Apple со оваа аквизија е да ја поправи својата Podcast апликација и iTunes услугите за музички содржини.
Патиките имаат поддршка од Google maps и преку вибрации на корисниците можат да им го покажат патот по кој треба да се движат.
Компанија од Латвија Helico Aerospace Industries креираше беспилотно летало – Air Dog, што користи сензори наместо далечинско управување, и самостојно бира каде да оди.
Технологијата со чија помош се движат најбрзите електрични автомобили во светот Concept One на Мате Римац, отсега ќе им помага и на лицата со инвалидитет со цел послободно, посигурно и поедноставно да се движат.
Американскиот информатички гигант Google ја купи финската компанија Draw Elements, која нуди алатки за тестирање на перформанси и стабилност на графички процесори.
Социјалната мрежа LinkedIn ја презема компанијата Bizo со цел да ја зајакне својата понуда на маркетинг решенија.
Компанијата Apple наводно соработува со барем еден производител на рачни часовници, а тоа е швајцарскиот производител Swatch.
Apple нарачал производство на масивни количини на двата 4,7 и 5,5 - инчи iPhone, што треба да излезе во продажба во есен годинава. Нарачале од 70 до 80 милиони паметни телефони да бидат произведени до крајот на годинава.
До 2025 година, потрошувачката на енергија на електронските уреди што се приклучуваат на интернет ќе ја надмине годишната потрошувачка на енергија на Русија.
Интернет компанијата Yahoo ќе ја купи старт – ап компанијата Flurry со цел да ја зајакне својата позиција поврзана со мобилното огласување.
Оваа машина може да ја освежи, да ја испегла и да ги отстрани непријатните мириси од облеката и тоа само за десетина минути.
Оваа есен во Загреб започнува производството на електричниот ромобил, кој би требало да биде одговор на градскиот сообраќаен метеж.
Новата опција “купи“ ќе биде достапна и на мобилната верзија на Facebook, а им ќе овозможи на корисниците да купуваат производи директно од компаниите што се рекламираат.
Роботот hitchBOT ова лето ќе патува низ Канада авто - стоп и потоа сите свои авантури ќе ги споделува на социјалните мрежи.
Сензорите во овој уред ја мерат електричната активност на движењето на раката и препознаваат која е командата што ја дава.
Се движи мошне брзо, за него воопшто не се проблем ниту тешко достапните места, ниту пак тежината на товарот што ќе ја носи. Роботот во чекор го следи војникот и ги извршува наредбите што ќе ги добие.
Samsung Electronics ја запира соработката со кинеската компанија Donngguan Shiniang Electronics, поради сомнение дека користи деца помлади од 16 години како работна сила.
Светскиот пребарувач Yahoo ја купи старт – ап компанијата RayV од Израел, што е една од водечките компании што се занимава со дистрибуција на HD видео содржини на мобилни уреди.











