Кина најголем “производител“ на електронски отпад

48

Под електронски отпад се подразбира електронски уреди што повеќе не се користат како компјутери, смартфони, принтери, DVD плеери, телевизори и слично. Иако во светски рамки се прават обиди за рециклирање на ваквиот вид на отпад, сепак сè уште процентот е на незадоволително ниво.

Јапонија во пресрет на Олимписките игри ги изработи првите медали од електронски отпад, што е потег за поздравување.

Овој вид на отпад може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето како оштетување на нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, белите дробови, срцето и кожата.

Минатата година во светски рамки биле генерирани 50 милиони тони е-отпад. Кина е на прво место по “производство“ со 7,2 милиони тони годишно, по неа следуваат САД со 6,3 тони, Јапонија со 2,1 тон, Индија со 2 тони и Германија со 1,9 тони е-отпад.

Девет од десетте земји што генерираат најмногу електронски отпад по глава жител се  од Европа. Она што изненадува е дека нордиските земји како Норвешка, Данска, Исланд и Финска се едни од најголемите “загадувачи“ со ваков тип на отпад. Ова се должи најмногу на фактот што високиот стандард таму овозможува често менување на електронските уреди што пак повлекува и создавање на отпад.

Според анализите, 47% од е-отпадот на европскиот континент се рециклира, додека глобалниот процент на рециклирање изнесува 40%.

Фото: Pixabay