Кипар ги укинува “златните“ пасоши

53

Кипар ја укинува програмата за доделување државјанство коешто овозможува влез во Европска унија без визи на оние кои ќе инвестираат најмалку два милиони евра во таа земја. Меѓу оние кои ги добиле таканаречените “златни“ пасоши биле бројни руски олигарси кои се дел од политички структури и мафијашки кругови, јавува ВВС.

Оваа островска земја преку “златните“ пасоши до крајот на 2018-та година заработи 4,8 милијарди евра, а од 2008-ма година државјанство добиле 1.685 “странски инвеститори“ и 1.651 член на нивните семејства.

Одлуката за укинување на овој вид на државјанство стапува на сила следниот месец.

На крајот на септември оваа година, ревизорска куќа од Кипар соопшти дека постои можност илјадници пасоши да се издадени без дозвола според државната шема “државјанство за инвестиции“. Критичарите велат дека програмата ја користат странци за криминал и перење пари.

Фото: Pixabay