Кои земји плаќаат највисок персонален данок на доход

84

Постојат разни форми на данок во различни земји во светот, а кога станува збор за персонален данок на доход, истиот се разликува според брачниот статус, според тоа дали семејството има деца и колкава плата земаат жителите.

Исто така, висината на данокот се разликува според тоа колку се плаќа за осигурување и одредени спецификации од типот на возраст и дали жителот поседува сопствен дом.

Данокот на доход за оние кои не се во брачна заедница е највисок во Белгија42. Земјата има прогресивен данок што значи дека оние кои земаат повеќе плата, плаќаат и поголеми даноци. Некои од жителите на Белгија плаќаат и до 50% данок на доход.

Втора е Германија со 39,7%,каде највисоката стапка достигнува 45%. На трето место е Данска со 36,1% во просек, но највисоката стапка е прилично поголема и достигнува и до 55,8%.

На четврто место е Австрија 34,9%, каде највисоката стапка достигнува до 55%. Топ пет во оваа категорија заокружува Унгарија со 34,5%, но за разлика од останатите земји, земјата има рамен данок каде стапката е само 16%.

Највисоки даноци за фамилијарните луѓе (со две деца) се плаќаат во Турција 25,8%, каде стапките се движат од 15% до 35%, Данска спаѓа и во оваа “фамилијарна“ категорија со просечен персонален данок на доход од 25,3%.

Финска е на трето место со прогресивен данок на доход од 25,2%, Холандија со 23,8% е на четврта позиција, додека петта е Норвешка со 23%.

Фото: Pixabay