Колку автомобили произведени во Кина, ќе достави Tesla во Европа

30

Tesla од денеска ќе започне со испорака на електрични автомобили во Кина за Европа, јавуваат кинеските медиуми. Околу 7.000 автомобили од типот Model 3 направени во гигафабриката во Шангај треба да пристигнат во Белгија на крајот од следниот месец, со планирани испораки во земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, Италија, Холандија, Португалија, Швајцарија и Шведска, пренесува CNBC.

Фабриката во Шангај, што е прва фабрика на Tesla надвор од САД, оваа година би требало да произведе околу 150.000 возила.

Само во септември, Tesla во Кина продаде повеќе од 11.000 Model 3 автомобили.

Извршниот директор на Теsla, Елон Маск, соопшти дека во третиот квартал се произведени 143.036 возила. Исто така е јасно дека капацитетот на фабриката во Шангај достигна 250 000 возила годишно.

Фото: Pixabay