Колку чини најскапиот леб на светот?

103

Хуан Мануел Морено е пекар што дошол до идеја да прави намирница којашто се служи со секој оброк, но по посебен рецепт.

Таа има своја цена, но и свои клиенти. Лебот кој го спрема Морено содржи уникатни состојки што го прават да чини толку скапо. Една векна содржи грам злато и сребро, специјални видови брашно, но и посебна декорација.

Она што е исто така интересно е дека најголем процент од продажбата доаѓа од извозот, па љубителите на овој леб се најбројни од Обединетите Арапски Емирати, Америка, Кина и Русија.

На крајот, останува прашањето колку би чинел сендвич направен од овој леб и дали би сакале да платите за тоа?

Фото: Printscreen