Контроверзниот авион се враќа на европското небо

72

Авионот 737 Max на компанијата Boeing ќе добие одобрение за летови во ЕУ до крајот на годината, откри директорот на Eвропската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај  Патрик Ки.

“Нашите анализи покажуваат дека е безбеден и дека постигнатото ниво на безбедност е доволно за нас. Разговаравме со Boeing за фактот дека со трет сензор може да се достигне уште повисоко ниво на безбедност”, рече Ки, зборувајќи за дополнителен синтетички сензор чиј развој и инсталирање на авионите може да трае од 20 до 24 месеци.

За потсетуваање, авионите 737 Max беа приземјени од март 2019 година по две несреќи за помалку од шест месеци во кои загинаа 346 лица.

Фото:Facebook