Котација на државни обврзници во вредност од 370 милиони денари

33

По поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 17.12.2019 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 370.000.000 денари.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.

Фото: Pexels