Крузер компании бараат волонтери за крстарења

55

Крузер компаниите бараат патници волонтери кои ќе испловат на симулирани патувања и ќе ги тестираат Ковид -19 протоколите пред компаниите да продолжат со редовни крстарења.

Royal Caribbean наскоро ќе почне да бара волонтери за пробни крстарења, но допрва треба да се утврди како ќе ги регрутираат своите волонтери.

“Ќе направиме серија пловидби користејќи ги нашите вработени и доброволци за да ги тестираме протоколите и извршиме модификација“, рече Вики Фрид, одговорна за продажба, трговска поддршка и услуги на компанијата.

Овие патувања ќе мора да ги вклучи процедурите на качување и симнување од брод, активности на бродот, јадење и забава, како и приватни излети на брег, ако е тоа планирано.

Компаниите исто така мора да тестираат постапки на евакуација, изолација на патници или екипаж со коронавирус.

Фото: Freepik