Макошпед проектира добивка од 12,4 милиони денари за 2019 година

24

Компанијата за меѓународна шпедиција, складишта и промет, Макошпед за следната година проектира добивка од 12.410.000 денари, стои во Деловниот план за 2019 година.

“Во текот на 2019 година се планира да се остварат приходи од продажба поголеми за 4% во однос на 2018 година односно износ од 78.624.000 денари од кои 87% се планира да се остварат од секторот шпедиција и склад, а 13% од менаџирање со деловен простор и останати дејности во промет. Нето добивката пред оданочување се предвидува да изнесува 12.410.000 денари“, стои во Деловниот план.

Компанијата, како што се наведува, планира инвестиции во основни средства во висина од 7% од остварените приходи.

Деловниот план на друштвото за претстојната 2019 година е базиран на долгогодишно искуство, остварените резултати во период од 10 месеци од 2018 година, техничката опременост и кадровските ресурси на друштвото, како и предвидувањата на менаџерите на друштвото за побарувачката и економската стабилност на пазарот, идниот растеж на економијата и движењата на цените.