Меркатор и Агрокор под “руска лупа“

101

Рускиот амбасадор во Словенија, Тимур Ејвазов се надева дека до крајот на годината ќе бидат отстранети сите пречки за пренос на Меркатор на Фортенова груп, предизвикани од словенечкиот регулатор за пазарна конкуренција, напоменувајќи дека тоа би било и во интерес на Русија, пренесува Пословни дневник.

“Внимателно ги следите настаните во Меркатор и Агрокор“, изјави Ејвазов, додавајќи дека продолжуваат преговорите за да се најде компромис, при што руската страна очекува да се најде обострано решение до крајот на годината.

На таа тема веќе разговарал со надлежните во словенечките министерства за економија и за надворешни работи. Според него, руските банки што инвестирале во Агрокор ја сфаќаат важноста на Меркатор за словенечката економија и важноста на Меркатор како голем купувач за словенечките добавувачи, но и потезите на словенечката регулаторна агенција којашто привремено заплени 70% од акциите на Агрокор во Меркатор, поради наводен прекршок при преземање на Costella, компанија за флаширање на вода, кога на чело на Агрокор бил Ивица Тодориќ, со што практично го блокираше преносот на Меркатор во новата група.

“Покажавме голема доза на трпение, но треба да се разбере и тоа дека Sberbank е државна банка, во нејзе се парите на државата и затоа со сите напори мора да побараме решение за да ги зачуваме нашите интереси“, додава Ејвазов.

Инаку, вишиот суд во Љубљана ја намали казната што словенечкиот регулатор за пазарна конкуренција лани ја изрече на хрватски Агрокор од 53,5 милиони евра на само еден милион. Со ова, како што беше наведено, се отвора можноста за деблокирање на запленетите акции на Агрокор во Меркатор, што овозможува нивно пренесување во новата Фортенова груп.

Фото: Freepik