Најскапата гаража во светот чини милион евра

46

Гаража за паркирање на возило во Амстердам достигна цена од скоро милион евра. Според тамошните медиуми, точната сума која е побарана за ова место од 22 квадратни метри изнесува 995.000 евра.

Ако гаражата на аголот од улиците Jacob Obrechtstraat и Van Breestraat навистина се продаде за таа сума, тоа ќе биде најскапиот простор за паркирање во светот.

Претходниот рекорд беше 870.000 евра во Хонг Конг.

Гаражата е опремена со електрична гаражна врата, а внатре има место само за еден автомобил. Гаражата има осветлување, електрична енергија и е опремена со мијалник со приклучок за вода.

Фото: Pixabay