Намалени вкупните девизни резерви во јуни

21

evra 500

Вкупните девизни резерви на крајот на јуни оваа година имаа салдо од 2.158.800.000 евра или за 5,6 милиони помалку во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

Истиот период лани, земјата имаше на располагање 2.254.800.000 евра вкупни девизни резерви, што е за 96 милиони евра повеќе во однос на јуни 2016 година.

Вредноста на монетарното злато во јуни имаше вредност од 259.900.000 евра, еден месец претходно 22.000.000 евра помалку (237.900.000 евра). На крајот на јуни 2015 година, монетарното злато вредеше 230.800.000 евра.

На контото на државни валути и депозити во јуни се прокнижени 240.200.000 евра, што е намалување од 24,3 милиони евра во однос мај 2016 година. Намалување од 7,7 милиони евра е забележано во јуни оваа година во однос на истиот период лани.

Вкупната вредност на хартиите од депозити во јуни беше на ниво од 1.653.900.000 евра, односно 3,4 милиони помалку во однос на претходниот месец, кога на оваа сметка имаше 1.675.300.000 евра.