Наоѓаме вистинска медицинска примена на естетиката во стоматологијата и резултатите се фантастични

329
slobodan
Слободан Ѓеоргиев, специјалист по орална хирургија, имплантологија и ласерска хирургија, сопственик на поликлиника Дента ЕС

Постојано се едуцираме, се надградуваме и во план ни е по завршувањето на докторските студии да прераснеме во центар за орофацијална болка, кој ќе биде прв во регионот, а може и пошироко.

БИ: Од кога постои Дента ЕС? Какви услуги нуди Вашата поликлиника?

Стоматолошката ординација ја отворивме во април 2005 година. Почнав јас, потоа ми се придружи сопругата, па постепено го проширувавме тимот. Во 2009 ги завршивме специјализациите, јас специјализирав орална хирургија, сопругата ортодонција. Ни се приклучи колега со специјализација стоматолошка протетика и во 2011година Дента ЕС од ординација по општа стоматологија прерасна во поликлиника со сите специјалистички дејности од стоматологијата. Работиме општа, естетска, детска и превентивна стоматологија, протетика, ортодонција, парадонтологија, хирургија и имплантологија, ласерска хирургија, а работиме и фацијална естетика, затоа што стоматологијата и естетиката се многу поврзани во светот. Постојано се едуцираме, се надградуваме и во план ни е по завршувањето на докторските студии да прераснеме во центар за орофацијална болка, кој ќе биде прв во регионот, а може и пошироко. Сакаме да го развиеме и едукативниот дел, затоа што сметам дека многу малку се работи на едукација. Ако немате едуциран кадар, тогаш немате ни едуцирани пациенти. Не може да ве едуцира телевизијата или некаква серија, треба да ве едуцира лекарот што ве лекува.

Како што се растевме и развивавме, во 2011 година добивме понуда да почнеме да работиме со еден систем за ортодонција, т.н. Damon system на американскиот бренд Ormco. По многу едукации и специјализирани тренинзи, др. Елена, мојата сопруга, стана и лиценциран едукатор за Damon system. Ова е систем кој работи врз база на индивидуален пристап во ортодонцијата. Системот нуди избор на посебни ангулации за секој заб и се следи индивидуалноста на пациентот и функцијата. Тој не само што ја исправа аномалијата на забите, туку делува и на меѓувиличните односи. Со него се делува и на виличниот зглоб, и е врвен систем во ортодонцијата во светски рамки.

БИ: Работите и со ботокс. Каде наоѓа примена во стоматологијата?

zglobБотоксот, како и хијалуронските периорални импланти има широка медицинска примена и примена во стоматологијата. Секаде во светот тоа се широко употребувани методи во областа на стоматологијата, бидејки со нив може да се постигнат извонредни резултати кои не може да ги постигнете на ниту еден друг начин. Имавме пациент кој несвесно чкрипеше со забите и со тоа ги оштетуваше забите. Не сакаше да му ставиме коронки, па направивме сплинт,  но го прегриза и него. Размислувавме како да му помогнеме и се одлучивме да му инјектираме ботокс во мускулите за џвакање. Ова имаше фантастични резултати. Ботоксот во стоматологијата може да се примени и кај оние луѓе што кога се смеат им е видливо премногу горното непце. Ова е индицирано за хирургија, но со внесување на неколку единици лево и десно од носот, оваа состојба се корегира. Освен физиолошки, ботоксот има и естетски ефекти. Кога се изучува ботоксот, не се изучува само ботокс за мускули за џвакање, туку се учи за цело лице. Работиме и на естетика на лице, а како хирург, јас работам на тој дел.

БИ: Кои се други техники и методи што се користат во фацијалната естетика ги користите во стоматологијата?

Со остварена соработка со првата Anti – aging академија од Белград дојдовме на идеја да почнеме да работиме со хијалуронска киселина, односно филери, пополнувачи на брчки. Освен естетска намена за пополнување на длабоки брчки, зголемување на усни, подигање на јагодици, фејслифт итн, филерите имаат и стоматолошка намена, на пример кај инкомпетентни усни, односно кај луѓе кои имаат подотворени усни. Со филери се решава и асиметрија на усна, расцеп на непце. Имавме пациент со т.н. зајачка усна, кој по неколку операции имаше многу лузни, а по третманот со филерот имаше неверојатни резултати. Уште една работа што може да се третира со филери се птичјите бради или оние тесни бради, кои можат да се пополнат и да се измоделираат. Може да се третира и атрофија на лице.

Ние како поликлиника наоѓаме вистинска медицинска примена на нештата. Но, кога веќе естетиката ќе ти влезе под кожа, продолжуваш да учиш и да се надградуваш. Така, продолживме да ја изучуваме плазмата. Што е тоа? Плазмата стана популарна откако пред неколку години се зборуваше дека Ким Кардашијан правела вампирски фејслифт. Плазма е дел од човековата крв што се вади, се центрифугира и долу паѓа црвениот дел, горе останува жолтиот, односно плазмата. Во таа плазма има фактори на раст, кои внесени на одредени места во човечкото тело, се размножуваат. ПРП (плазма богата со фактори на раст) се користи при повреда на колено, се инјектира во коленото. ПРП во стоматологијата се применува, на пример, кога има голема дефект во устата по вадење на заб и треба да се пополни местото во коската. ПРП го забрзува процесот на регенерација. Истото се случува кај цисти, апликотоми на заби и моментално се користи во парадонтопатијата. Најтешко е да лекувате болести за кои не го знаете потеклото, а парадонтопатијата е една од таквите болести. Доколку се отстранат сите фактори, како лошо гризање, пломби, лоша орална хигиена, со една таква процедура на регенерација се постигнуваат одлични резултати во овој сегмент. Ние во нашата ординација со употреба на коскени заменици, т.е вештачка коска во комбинациај со плазма добиваме фантастични резултати, добиваме по три – четири милиметри нова коска.

tim

БИ: Од неодамна работите и мезотерапија како и мезонишки. Може ли да ни објасните што е тоа?

Кога сме кај новитетите, мезонитите или мезо нишки, е многу позната терапија во азискиот свет. Се работи за хируршки конец кој ставен во кожа, во мезодермот создава воспалителна реакција, која пак создава колаген и така настанува затегнување на лицето. Тоа е тој познат 3Д лифтинг. Може да се прави и подигање на масно перниче, опуштена кожа на рака, на стомак. Во рамките на оваа процедура се учи и мезотерапија на болка, односно се внесува некаков коктел против болка во средниот дел на кожата. Ова е веќе поврзано повеќе со естетиката, помалку со стоматологијата.

implantologija

БИ: Имате ли некои други новитети во работењето?

Од сите конгреси се обидуваме да ги донесеме новитетите во секоја гранка на стоматологијата. Нашата поликлиника ги нуди сите најсовремени методи во естетската стоматологија, почнувајќи од естетски нанокомпозитни пломби со керамички честици, ласерско белеење на заби, ласерски ендодонтски третмани со најсовремени полнења со топла кондензација, до сите современи протетски изработки, порцелан-керамика, целосно керамички коронки и мостови, циркониум Cad-cam керамика, до естетски порцелански лушпи и ламинати. Тука се и протетските изработки од чист титаниум. Како новитет во Македонија го донесовме стакленото влакно. Со стаклено влакно може да се измоделира мост во устата на пациентот. Стакленото влакно е биокомпактибилно, не рѓосува, не оксидира, не испушта токсични материи и со него може да се измоделира се што фали во устата или на пример коса пломба. Може да се користи за шинирање на повреден заб. До сега повредените заби се фиксираа со жица, сега ги фиксираме со стаклено влакно, кое воопшто не се забележува. Може да се користи и кај пациенти кои имаат аверзија кон протетика.

Секако, тука се и сите интервенции од областа на оралната хирургија, заедно со имплантологијата, ласерската и пародонтална хирургија (користење на вештачка коска, колагени мембрани и веќе погоре споменатиот третман со плазма богата со тромбоцити – ПРП), но и ортодонцијата, со сите ортодонтски системи, лидерот од областа на ортодонцијата – Damon системот, лингвална ортодонција, невидливи протези итн…

БИ: Што е тоа по што сте препознатливи? По што се издвојувате од конкуренцијата?

frankelВеќе погоре напоменав многу услуги во кои сме и пионери во областа на стоматологијата во Македонија, тука е ботоксот, периоралните хијалуронски импланти, ПРП, а особено препознатливи сме по работата со заболувања и нарушување на виличниот (темпоромандибуларен ) зглоб. Било какво нарушување на овој зглоб дава симптоми кои пациентите, а и докторите не ги третираат и занемаруваат, почнувајќи од силни главоболки, главоболки зад очите, зуење во ушите, вртоглавици, клик на зглобот и вкочанување на вилицата, болки и вкочанетост во вратот, па се до искривување на рбетот, сколиози и кифози, особено изразени кај адолесцентите. Тука како симптом се и sleep апнеата и ноќниот глад за воздух и ‘рчењето.

Оваа проблематика воопшто не се работеше во Македонија на соодветно ниво, но ние како поликлиника сериозно влеговме во оваа проблематика, работејќи ја со посебен приод и т.н. сплинт терапија, за да прејдеме потоа на целосна реконструкција кај пациентите, дали протетска или ортодонтска. Ако реконструираме со ортодонција, работиме со Damon систем, со многу побиолошки сили. Кај класичната протеза има брикет и лак, кој се врзува со гумичка или со жица. Лакот има доста голема влечна сила, околу 150 – 160 њутни на сантиметар. Кај Damon има бравичка која се лизга, лакот е слободен и целиот систем добива потенцијал од околу 25 њутни на сантиметар квадратен. Ова значи дека со многу помала сила се постигнуваат многу подобри и потрајни резултати. И само на овој начин може да се направи реконструкција на виличниот зглоб.

Друго по што сме препознатливи се модерно опремените простории, новитети во стоматологија и естетика, од општи до специјалистички услуги во доменот на стоматологијата и естетиката согласно мотото, а тоа е: естетиката потекнува од здравјето; можност за избор од најевтино до најскапо, врвна стручност и едуцираност на кадарот, најсовремена опрема, квалитетни материјали за работа. Едукативен центар.

БИ: Зошто децата во Европа имаат поздрави заби од децата во Македонија? Каде ја гледата причината за ова?

Така е затоа што различно функционираме. Ако во Европа се оди на превентива, кај нас одиме на лекување, што е многу поскапо, поболно и троши многу време. Таму почнале од чевлите, не од шеширот и многу обрнуваат внимание на превентивата, одржуваат семинари, ставаат флуориди во вода за пиење, леб, сол, млеко и покрај тоа што тука има поделени мислења на оваа тема.

Многу полесно се работи со деца кои оствариле контакт со стоматологот на една година отколку на четири – пет години. На оваа возраст веќе знаат дека одењето кај стоматолог е страшно, болно. Ние, кога ја отворивме ординацијата, најголем ден од пациентите ни беа деца. Кога ќе го најдете вистинскиот пристап, тие се многу искрени и верни пациенти. Знаат да се врзат за докторот, искрени се, и ако им се допаѓаш, тогаш им се допаѓаш и тоа е крај.