НБРМ издаде и пушти во оптек кована пара за колекционерски цели

22

Народната банка на Република Македонија ја издаде и пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели света Матрона Московска.

kovana-para

 

На аверсот на оваа кована пара, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот 100 денари на македонски јазик, како и годината на издавање 2017, ознаката Ag 925 и тежината на монетата 31,1 g. Во централниот дел од аверсот е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се наоѓаат моштите на света Матрона Московска. Во заднината е прикажана контура на Манастирот. На долниот дел е испишан називот Република Македонија на македонски јазик.ж

kovana-para-1

 

На реверсот, во централниот дел од монетата е прикажана слика на Матрона Московска, врз основа на делото од Покровскиот манастир во Москва. Околу централната слика се прикажани златни украси. На долниот дел од монетата е испишано: света блажена Матрона Московска на руски јазик.

Оваа кована пара е изработена од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.

Цената на кованата пара света Матрона Московска изнесува 3.800 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.