Nissan ќе ги уништи автопералните – автомобил кој сам се чисти

14

nisan

Автомобилскиот гигант Nissan воведува ново решение кога станува збор за надворешниот изглед на автомобилите.

Nissan ништо не менува во обликот, дизајнот и функционалноста на автомобилот, туку само во формулата на бојата. Станува збор за специјална боја која ги одбива водата и маслото, па така секоја нечистотија од автомобилот едноставно исчезнува. Сопствениците на овие автомобили нема да имаат обврска да го мијат својот автомобил или да го носат во автоперална.

Nissan ја тестира оваа револуционерна боја, од производителот Ultra Tech International Inc, на различни атмосферски влијанија како што се дожд, снег и мраз.

Ова не е нова идеја, бидејќи на пазарот постојат фолии со кои можат да се обложат автомобилите, но ниту еден производител на автомобили не ја употребил претходно.

Како изгледа оваа боја од која “бега“ нечистотијата, погледнете во следното видео: