Нови 100.000 евра субвенции за вградување на соларни колекторски системи

25

9023b6ff-2faa-4fdf-8a97-dbc91ada2193Годинава министерството за економија ќе обезбеди дополнителни шест милиони денари за субвенции, за корисниците кои ќе вградат соларни колекторски системи во домаќинствата.

“Климатските карактеристики на Македонија овозможуваат поволни услови за успешно искористување на сончевата енергија што не поттикна да го објавиме петтиот по ред јавен повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинства за 2013 година”, информираше министерот за економија Ваљон Сарачини.

За реализација на Програмата за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на сончеви термални колектори, обезбедени се вкупно шест милиони денари, односно 100.000 евра.

“Министерството за економија на 25 јануари го објави јавниот повик за оваа намена и истиот трае до 31 мај 2013 година”, информираше Сарачини.

За аплицирање треба да се достави пополнет образец за барање и доказ во оригинал дека е извршено купувањето на сончев термален колекторски систем, фискална сметка или фактура.

На 8 јуни ќе биде јавното извлекување на добитниците, кои што ќе добијат субвенции во вредност од 30% од вкупниот износ на вградениот сончев колектор, односно до 18.000 денари.