Новите хај-тек модни додатоци

18

luksuz-hi-tech-dizajn-fancy (1)Паметните телефони повеќе не се врвна и најмодерна технологија. Моментално паметните часовници и сличните додатоци кои се носат се новите фенси играчки кои сите ги посакуваат.

Една од компаниите која ги дизајнира овој танаречен хај тек накит е Christophe & Co.

luksuz-hi-tech-dizajn-fancy (5)

Овој британски бренд сега ја претстави својата колекција паметни бразлетни Armill која состои од три дела  Virtus, Orion и ексклузивната Apollo.

luksuz-hi-tech-dizajn-fancy-99

Откако го добија посакуваниот изглед, Christophe & Co. ангажираа едно познато име од светот на луксузот, италијанската компанија Pininfarina, која на накитот му даде една класична мажественост.

Моментално не е сосем дефинирано што точно можат да прават овие бразлетни, на кои нема екран, но најверојатно истите користат Bluetooth и комуницираат со уредите во близина.

luksuz-hi-tech-dizajn-fancy (3)

Серијата е ограничена, па така Virtus ќе биде произведен во 300 парчиња, Orion во 100, додека Apollo верзијата во само 25 парчиња.

Virtus ќе чини 75.000, Orion 93.000, а Apollo 149.000 долари.