Облачно со сончеви периоди и температура до 14 степени

12

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во северозападните делови ќе има повремен дожд, а на планините повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневните температури ќе се движат од четири до 14 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 12 степени.