Пазарот на инфлуенсери следната година ќе “тежи“ 10 милијарди долари

157

Парите што интернет инфлуенсерите ги заработиле на социјалните мрежи бележат огромен пораст во последните неколку години, пишува BBC.

Бројот на спонзорирани објави оваа година бележи пораст од 150% во однос на минатата година и се предвидува маркетинг пазарот на влијателни лица следната година да вреди 10 милијарди долари.

Според маркетинг агенцијата Izea, просечната цена на една спонзорирана фотографија од 134 долари во 2014-та, скокна на 1.642 долари оваа година.

Спроведената анализа на спонзорираните објави на Facebook, Instagram, YouTube и на различни блогови покажува стрмоглав раст на цените. Сите учесници на тој пазар бележат голема заработка, почнувајќи од инфлуенсери кои имаат помалку од 100.000 следбеници, до познати личности кои имаат цела “војска“ од следбеници и фанови на социјалните мрежи.

Податоците, како што се наведувам покажуваат дека просечна цена на спонзорирана објава на Instagram има пораст од 44% за само една година (од 2018-та до 2019-та година). Спонзорирана објава на блог оваа година достигна цена од 1.442 долари, додека пред 13 години беше само 7,39 долари. Видеата на YouTube се најскапи и денес достигнуваат просечна цена од 6.700 долари. Еден статус на Facebook, објава на Twitter или статија на блог имаат просечна цена од 395,422 и 407 долари соодветно.

Фото: Pixabay