По распродадениот лет за никаде, следи лет за некаде

63

По успешната кампања Лет до никадe, којашто се распродаде за 10 минути, австралиската национална авиокомпанија Qantas сега има нова понуда – лет до некаде.

Поради целосниот колапс на воздушниот сообраќај предизвикан од пандемијата на коронавирус, авиокомпаниите се принудени да бидат креативни и да им нудат на луѓето нешто поразлично. Летот за некаде на Qantas е насочен кон австралиски патници кои не можат да ја напуштат земјата, но сепак сакаат да излезат и да се одморат.

Во соопштението на Qantas се објаснува целокупниот распоред: патниците ќе го напуштат Сиднеј во осум часот наутро, а кога ќе пристигнат во Улуру, ќе имаат можност да ја посетат изложбата Fields of Light на британски уметник Брус Мунро и да вечераат под отворено небо. Тие ќе ја поминат ноќта во луксузно одморалиште. По ручекот, патниците се враќаат во Сиднеј.

Улуру е една од обележјата на Австралија и храм на античкото домородно население, Абориџините. Карпата е висока 863 метри.

Економскиот пакет за лет за некаде чини 1.730 долари, а пакетот за бизнис класа 2.286 американски долари.

Фото: Facebook