Попладне повторно дожд

11

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, кои попладне наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 13 до 19 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 19 степени.