Пошта: Отежнато одвивање на меѓународниот поштенски сообраќај

162

Имајќи ја предвид ситуацијата со Коронавирусот, како во Македонија така и на глобално ниво, од Македонска пошта информираат дека сѐ уште е отежната размената на меѓународна пошта по авионски пат.

Од тие причини, има привремен прекин во прием на пратки од меѓународен сообраќај за сите држави, за кои, отпрема на пратки се врши по авионски пат.

АД Пошта на Северна Македонија- Скопје, успеа да овозможи размена на пошта по сувоземен односно површински пат со следните држави: Албанија, Грција, Косово, Романија, Бугарија и Турција.

Србија е затворена за размена на пошта по сувоземен односно површински пат заради затворањето на границите.

Врз основа на горенаведеното, оттаму информираат дека овозможен е прием на пратки во сите поштенски единици за следните држави: Албанија, Грција, Косово, Романија, Бугарија и Турција.

Фото: Pixabay