Позната германска компанија крати работни места! Ги продава правата на вакцините против Ковид

33

Германската биотехнолошка компанија Curevac објави дека ќе отпушти речиси една третина од својата работна сила и ќе ги продаде правата на своите вакцини против Ковид и грип за да ги намали трошоците и да се фокусира на примена на технологија за пренос на податоци базирана на РНК за третмани за рак.

Од следната година Curevac планира да ги намали трошоците на работењето за 30 % и укине 30% од работните места, што значи дека околу 330 работници би требало да останат без работа. Компанијата во извештајот за работењето за првиот квартал наведува дека вработува над 1.100 работници во Германија, Холандија, Белгија, Швајцарија и САД.

Најавија дека ќе ги продадат правата на вакцините против Ковид

Компанијта исто така најави дека на британската фармацевтска група  GSK ќе ги продаде правата на вакцини против Ковид 19 и грип, засновани на (mRNK), за максимални 1,45 милијарди евра.

Curevac со тоа ќе обезбеди средства за решавање на проблеми во клинички испитувања.

Компанијата во сега работи на развој на вакцина од втората генерација против коронавирусот, а ја истражуваат и примената на технологијата mRNA во лекувањето на ракот, што треба да биде во фокусот на деловната реорганизација.

Првиот квартал компанијата го затвори со оперативна загуба од 73,3 милиони евра, што е за 21,3 отсто повеќе од почетокот на 2023 година. Нивните приходи, пак, се зголемени за 74,6 отсто, на 12,4 милиони евра.