Просечна нето плата во мај изнесува 21.483 денари

12

denari

Во мај годинава просечната месечна исплатена нето платата по вработен изнесува 21.483 денари и е за 0,9% повисока во однос на истиот месец од претходната година, додека износот на бруто платата е 31.429 денари и е повисок за 0,6% од лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на порастот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 10,9%, Градежништво за 8,2% и Административни и помошни услужни дејности за 6,4%, како и на повисоката бруто плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 9,1%, Градежништво за 7,6% и Административни и помошни услужни дејности за 4,9%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 25,3%, Информации и комуникации за 5,1% и Стручни, научни и технички дејности за 4,5%. Кај бруто платата зголемување има во секторите: Рударство и вадење на камен за 26,2%, Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за 4,2% и Информации и комуникации за 3,5%.

Во мај годинава, 1,6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.