Просечната исплатена нето плата во јули е 22.334 денари

22

denari

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јули изнесува 22.334 денари, додека во бруто износ е 32.837 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, е зголемена за 2,2%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Градежништво (9%), Административни и помошни услужни дејности (6,7%) и Информации и комуникации (6,2%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,6%), Преработувачка индустрија (3,4%) и Административни и помошни услужни дејности (1,8%).

Во јули 2016 година, 1,6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.