Расте бројот на разводи во земјава

21

Во третото тримесечје од оваа година, Државниот завод за статистика добил 357 извештаи за разведени бракови, што е зголемување од 8,5% во споредба со истиот период лани.

Бројот на склучени бракови, во третото тримесечје од оваа година, е намален за 12,9% и во споредба со истиот период лани и изнесува 3.768 бракови.

Македонската статистика покажува дека бројот на живородени деца, во третото тримесечје од оваа година, во споредба со истиот период лани е намален за 5,2% и изнесува 5.141 живородени деца.

Бројот на умрени лица во третото тримесечје од оваа година е зголемено за 15,3% во споредба со истиот период лани и изнесува 5.419 лица, а од нив 23 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, -278 лица, што значи дека за толку лица, бројот на живородени деца е помал од бројот на умрени лица.

Фото: Freepik