Рокот за пријавување за градежно земјиште во Штип истекува во петок

17

На 15 ноември (петок) истекува рокот за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање, кој беше распишан од Општина Штип за локации во Баби 5, Баби 6-2003, Дузлак.

Станува збор за четири локации за индустриски објекти и девет локации за индивидуално домување. Почетната цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели кои се наменети за стопански објекти изнесува 463 денари од метар квадратен, а за индивидуалните објекти 61 денар од метар квадратен.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават најдоцна до петок, на адресата на Општина Штип ул. Васил Главинов 4б, во Штип, или директно во архивата на Општината.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна, www. gradezno-zemjiste.mk, а ќе започне на 19 ноември 2013 (вторник) во получасовни интервали од 9 до 15 часот.

Целосната објава со комплет податоци за бараната документација можат да се симнат од веб страницата на Општина Штип.