Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

36

Mile Janakieski macedonian transport min by mtc.gov.mkСобраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ги прифати измените на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во прво читање и ги проследи на натамошно читање.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денес информираше дека со овој закон ќе се намалат трошоците од Буџетот на Република Македонија по основ на вршење на административно-евиденциски работи и сметководствени услуги од страна на Стопанска банка АД Скопје за дадени денарски кредити.

“Со новото законско решение се предвидува Министерството за финансии да ја преземе целокупната документација и да ги води административните работи со тоа што ќе нема воопшто трошоци, односно вработените во Министерството ќе ги вршат административните работи и ќе има увид во целокупната документација со цел поефикасна наплата на побарувањата”, појасни Јанакиески.

За спроведување на овој закон не се потребни дополнителни финансиски средства.

Досега, врз основа на договорот од 2004 година склучен меѓу Министерството за финансии и Стопанска банка АД Скопје, банката ги вршеше административно-евиденциски работи и сметководствени услуги во врска со побарувањата од крајните корисници пренесени на Министерството за финансии.