Семинар Жени во бизнис во НЛБ Банка АД Скопје

28

seminar

Во НЛБ Галеријата, денеска се одржа семинарот Жени во бизнис, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Овој семинар е дел од програмата Жени во бизнис финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.

Темата на семинарот беше „Мојот бизнис во бројки: Како да управувате со Вашите финансии?“, а на истиот присуствува 40-тина преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети за тоа како да управуваат со својот бизнис и финансии. Истовремено, овој настан претставуваше исклучителна можност за клиентите да ја прошират нивната мрежа на бизнис контакти, да сретнат други „Жени во бизнис“ од Македонија, да го споделат нивното знаење и искуство за успешната соработка со НЛБ Банка.

Договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан – Жени во бизнисот.

Оваа сеопфатна програмата е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.

Програмата за жени во бизнис е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.

Програмата воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во  програма за менторство како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.

Повеќе информации за кредитната линија можете да добиете во сите 53 експозитури на НЛБ Банка АД Скопје и на веб страната на Банката: www.nlb.mk.