Шефот на Рајанер најави крај на ерата на евтини летови од 10 евра

110

„Рајанер“ повеќе нема да нуди евтини летови благодарение на зголемените цени на горивото, потврди извршниот директор на компанијата Мајкл О’Лири, велејќи дека ерата на билети од 10 евра е завршена.

Компаниите како Ryanair, Wizz Air, Vueling и слични се натпреваруваа по најниски можни цени на услугите, што ги поевтини билетите значително во последните децении, но сега за жал на тоа му дојде крајот.

Покрај високите цени на горивото, секторот се соочува и со притисок да го намали неговото влијание врз климата, вклучително и кампањи за убедување на луѓето да се префрлат на железничкиот и патниот транспорт.

„Нема сомнеж дека на пазарот веќе нема да ги има нашите навистина евтини промотивни цени – билети од едно евро, дури и цени на билети од 9,99 евра. Мислам дека нема да ги видите тие цени во следните неколку години“, рече О’Лири.

Просечната вредност на една авиокомпанија би се зголемила во следните пет години од околу 40 евра (33,75 фунти) минатата година на околу 50 евра.