Што е каско осигурување?

678

Каско претставува доброволно осигурување на моторни возила. Станува збор за осигуруваање на возила и нивната нестандардна дополнителна опрема, доколку е така договорено, од последици настанати со остварување на ризик што е дефиниран во договорот со осигурителната компанија.

Кај задолжителното осигурување на моторните возила, осигуреникот плаќа премија од авто – одговорност, односно нанесување штета на друго возило при незгода. Тоа значи дека и во случај на сообраќајка во којашто осигуреникот е виновен, осигурителната компанија му ја исплаќа штетата на другиот учесник во несреќата, односно на лицата на кои им е нанесена штета. Кај овој вид на осигурување, осигурникот го осигурува своето возило и штетата се исплаќа без оглед на вината.

Доколку осигуреникот договори и осигурување од ризик на кражба, во случај возилото да исчезне, осигурителната компанија ја надоместува загубата, односно врши исплата на амортизирана осигурана сума, во зависност од вредноста, староста и состојбата на возилото.

Во пракса, потполното каско осигурување покрива штети настанати од: сообраќајка, пожар, експлозија, град, поплава, летала, манифестации, демонстрации, кражба, провала…

Ако сопственикот го продаде возилото, осигурувањето не се префрла на новиот сопственик на возилото, туку само стариот сопственик има право на поврат на премија за неискористениот дел од полисата.

Фото: Pixabay