Шведски Rimaster доаѓа во Србија

30

Шведската компанија Rimaster ја отвара својата прва фабрика во српскиот град Парачин, пишува SEBiz. Во фабриката во Србија ќе се произведуваат кабли и кабелски снопови за специјални возила и индустриски ситеми.

Производствениот погон на почетокот ќе биде во изнајмен деловен простор и ќе бидат вработени околу 50 работници, кои пред тоа ќе заминат на обука во Шведска. Веќе во следната фаза, предвидено е Rimaster да изгради сопствена фабрика во индустриската зона со површина од 3.000 метри квадратни.

Оваа компанија има свои производствени единици во Шведска, Полска и Кина, како и продажни канцеларии во Германија, Белгија и Франција. Според планот, во Парачин во првите три години ќе се вработат 300-400 работници, а во следните десет предвидено е да работат 1.000 луѓе.

Инаку, Rimaster е познат и по тоа што произведува за водечките светски компании во областа на специјалните возила за ракување со материјали во рударството, шумарството и земјоделството, а исто така произведува и индустриски апликации за автоматизација.

Фото: Rimaster