Sky pod – алтернативна технологија за лифтови што ќе ги смени облакодерите

59

Во светот на дизајнот и технологијата професионалците разговараат како луѓето ќе се пренесуваат од точка А до точка Б, пишува Design Boom. Додека во технолошкиот свет наголемо се зборува за автономни автомобили или hyperloop системот на Тесла, вертикалната инфраструктура речиси и не добива многу внимание.

Сепак, една лондонската фирма, PLP, истражува како облакодерите и технологијата која ги дефинира нив, може да се подобри и да донесе промени и поголема ефикасност. Оттука PLP понуди нов начин на “патување“ во облакодер, којшто најверојатно ќе биде во сите насоки, а концептот го нарече “sky pod“.

Овој иновативен концепт всушност претставува лента која му овозможува на корисникот да оди во било кој правец. Системот може да се опише како хибрид помеѓу лифт и железница, а надворешната инфраструктура овозможува буквално да ја превртите целата зграда по површината благодарение на единствениот мултинасочен и прилагодлив систем за навигација и сето тоа во возење кое е за неколку нивоа повозбудливо од современите лифтови.

Sky pod концептот претставува иновативна платформа која е безирана на maglev технологија, т.е. систем на магнети кој истовремено се привлекуваат и одбиваат, а крајната цел не е само да се транспортира “патникот“, туку и возењето со овој систем да биде една забавна авантура.

PLP се надева дека новиот систем ќе донесе послободно дизајнирање на облакодерите, бидејќи сегашново е ограничено меѓудругото и од ригидноста на класичните лифтови, чијшто дизајн реално, многу малку се променил за време на нивната успешна 150-годишна кариера.

Фото: PLP Architecture