Сончево и топло

9

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.