Технолошки гиганти “владеат“ со американските берзи

49

S&P 500 или само S&P е берзански индекс што ги мери перформансите на 500 големи компании што котираат на берзите во САД. Неговото движење е индикатор за случувањата на пазарот, сите промени што се случуваат, како и можност да се предвидат идните берзански текови.

Според податоците, првите пет најмоќни компании што се дел од овој индекс му припаѓаат на ИТ секторот. Па така, Apple, Amazon, Alphabet, Microsoft и Facebook “држат“ 18% од пазарната вредност на сите 500 компании што го сочинуваат овој индекс.

СNBC наведува дека пазарната капитализација на Apple е 1,4 илјади милијарди, што е на прво место. Пазарната капитализација на останатите пет е: Microsoft – 1,2 илјади милијарди, Alphabet – 986 милијарди долари, Amazon – 934 милијарди долари и Facebook 622 милијарди долари.

Навраќајќи се неколку децении наназад, во 1990-та година, акциите на Apple, Microsoft, General Electric, Cisco Systems и Exxon Mobil сочинуваа повеќе од 4% од вредноста на S&P 500.

Во овој момент, пазарната капитализација на S&P 500 е скоро 27 илјади милијарди.

Фото: Pexels