Треба да доживеете неколку неуспеси пред вистински да успеете

29
1
Џим Стајклидер, директор за иновации на Dell

Џим Стајклидер повеќе од 30 години создава, развива и имплементира информатички и комуникациски технологии, кои им помагаат на бизнисите да се развиваат и да успеат. Тој како главен директор за иновации во американскиот ИТ гигант Dell, води тим што ги идентификуваат идните потенцијали на новите технологии, бизнис модели и процеси.

Со Стајклидер разговаравме во Софија, на конференцијата на CEED Global.

БИ: Што го прави Dell поразличен од другите ИТ компании?

Денес ИоТ (Internet of Things) станува сè поважен сегмент од нашите животи. Компаниите се сè повеќе фокусирани на ИТ секторот и имаат сè помалку време да се посветат на традиционалното работење на мрежата, од причина што вниманието е свртено кон сите информациски системи што треба да се изградат за ИоТ. Ние во Dell бараме начин да го обезбедиме интерфејсот од порталите во бизнис системите и инфраструктурата со цел да се поддржат тие бизнис системи, да им олесниме на нашите клиенти и партнери.

БИ: Кој е клучот за постигнувањата на Dell, на што се должат тие?

Ние на некој начин ја демократизиравме технологијата (ИТ), преку креирање на дистрибутивен канал којшто е истовремено динамичен, флексибилен и адаптибилен. Фактот што тоа го направивме пред многу години е единствено достигнување. И пак ако се навратиме на ИоТ и на тоа дека работите стануваат сè повеќе персонализирани според специфичен модел за употреба, знаењето и умеењето да составиме едноставен дистрибутивен канал е голема предност за нас како компанија.

2

БИ: Кога зборуваме за иновации, дали и како им помагате на стартапите и индивидуалците да ги промовираат своите идеи?

Мојата улога е да помогнам Dell да стане иновативна компанија во што поголеми размери. Мојот тим многу работи на пишување научно фантастични приказни за иднината, за да им даде на луѓето можност да ја ослободат својата имагинација и да добијат идеи. Кога ќе имаат што да презентираат, ние вршиме евалуација на идеите и ги презентираме во компанијата. Повеќето иновации доаѓаат од неуспех и треба да доживеете неколку неуспеси пред вистински да успеете. Ние обезбедуваме една безбедна средина за луѓето да можат да ги тестираат своите идеи. Што е уште поважно, многу време поминуваме работејќи со нашите клиенти, помагајќи им да иновираат. Она што го научивме низ овие процеси е дека технологијата всушност не е вистинската основа на иновирањето. Таа може само да ја овозможи, забрза или потпомогне иновацијата. Најважен е човечкиот фактор, во смисла на кој начин ќе креира нови иновативни бизнис модели, бизнис процеси, организациски структури, иновативни менаџмент модели… Dell ги помага претприемачите, моментално работиме со UN на тема Принципите на претприемништвото и имаме и други слични активности со коишто ги помагаме претприемачите и стартапите.

3БИ: Дали имате специјални фондови за стартапи?

Мојата група е фокусирана на поддршка на веќе постоечките клиенти и помагање на големите компании да станат уште повеќе претприемачки насочени. Мене лично тоа ме прави тажен, од причина што сум сериски претприемач и сакам да им помагам на останатите. Имаме програма за поддршка на претприемачи со различни начини на поддршка, како совети, снабдување со материјали, односно помош според потребите на клиентот. Сепак тие се во посебен оддел на компанијата и не можам да ви кажам како точно функционираат. Тоа е и една од целите на Dell, стартапите коишто подоцна еволуираат во мали и средни компании да станат важен дел во економијата. Ние им помагаме на овие компании да растат, да го развиваат тоа што го направиле преку својата технологија.

БИ: Имате широк спектар на производи. Кој од нив се покажа како најуспешен?

Би кажал дека сите од нив се покажале како успешни. Но, би ја издвоил вградената заштита на податоците во безбедносниот дел на хардверот на сите производи. Тоа е една од најважните компоненти имајќи го во предвид тоа што се случува со ИоТ. Безбедноста на податоците тука е најважна. Секој наш производ бил успешен, имаме освоени и многу награди, еден од примерите беа наградите на Consumer electronics show. Но, она што според мене е најуспешно е спојот на сите производи заедно и слободно можам да кажам дека имаме едно навистина успешно портфолио.