Црногорска компанија заинтересирана да го купи брендот Adria Airways

17

Црногорската приватна компанија Oki Air, специјализирана за авио услуги, изрази интерес за купување на брендот Adria Airways и испрати писмо со намери до стечајниот управник на поранешната национална авиокомпанија на Словенија.

Oki Air, работи како генерален агент за продажба за неколку авиокомпании во Словенија, Црна Гора и Хрватска, а работел и како агент за продажба на Adria Airways на одредени пазари, пишува порталот Exyuaviation.

Стечајниот управник на Adria Airways неуспешно се обиде да го продаде брендот, којшто прво беше понуден за 100.000 евра, а потоа за 50.000 евра, но немаше заинтересирани купувачи.

Adria Airways згасна на 30 септември 2019 годинa.

Фото: Pixabay