Умерено облачно со малку сонце и температура до 19 степени

11

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, локален дожд се очекува во северните, северозападните и западните предели од земјата. Ќе дува засилен ветер, кој наместа ќе достигне брзина и до 30 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од пет до 12, а максималните дневни температури ќе бидат од 10 до 19 степени.

Во Скопје и околината ќе преолвадува слично време со максимална дневна температура до 17-от степен.