Во последните седум дена се извршени 5.503 контроли, затворен е еден угостителски објект

48

Во периодот од втори заклучно со осми ноември, од страна на сите инспекциските служби се извршени вкупно 5.503 контроли (од кои 1.760 се надзори).

Поединечно, во периодот од втори до осми ноември, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.743 контроли и  614 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, и Законот за заштита од пушењето и др.

При тоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести затворен е еде објект во Куманово поради непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти (неносење на заштитна маска) и поднесени се 26 прекршочни пријави, од кои една е за непочитување на КОВИД протоколот и 25 прекршочни пријави поради прекршување на материјалните закони . Поднесени се и две кривични пријави против угостителски објекти во Струга и Прилеп, а дополнително, ДПИ изрече и 45 решенија и 43 платени налози по материјалните закони.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалаена Филиповска Грашкоска, посочи дека по две недели откако инспекциските служби постапуваат според новите поголеми овластувања, контролите покажуваат намалување на бројот на изречени кривични и прекршочни пријави.