Vycle – вертикален начин на транспорт помеѓу катови

23

download

Фото: Vycle

Елена Лариба, дипломец на Кралската Академија на уметностите во Лондон, дизајнираше систем за вертикален транспорт што многу потсетува на велосипед, пишува  Mashable. Vycle, којшто е моментално прототип верзија, може да функционира наместо скали или ескалатор.

Vycle зафаќа минимален простор и со него корисникот треба да ја совлада само сопствената тежина додека вози нагоре, што значи и трошење на калории.

Ова транспортното средство би можело одлично да функционира со привремени инсталации како на пример скеле. Системот, исто така, би нашол примена за транспорт на луѓе помеѓу помал број на катови во поголема зграда.