За да ја стопира миграцијата на работниците, ЕК предложи нешто ново, добро за работниците

184

За да се постигне оваа цел, ЕК им препорачува на земјите членки да имаат минимална бруто плата од 60% од просечната бруто плата, пренесуваат хрватските медиуми.

Во ноември 2019 година, просечната бруто плата во Хрватска изнесуваше 981 евро, а просечната нето плата беше 752 евра. Според препораката на ЕК, минималната бруто плата во Хрватска треба да биде 588 евра, а минималната нето плата треба да биде 451 евро.

Од први јануари 2020 година, минималната нето плата во Хрватска е 436 евра или 58% од просечната нето плата.

Во Македонија веќе од декември 2019 година, минималната нето плата е 14.500 денари. Во ноември 2019 година, просечната нето плата во Македонија изнесуваше 25.787 денари, така што минималната нето плата е пониска од предвидениот просек од страна на Европската комисија од 60% (15.472 денари).

Фото: Pexels