За Усје деветте месеци од оваа година завршија со добивка од 939,8 милиони денари

7

Цементарница Усје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 939.838.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 777.701.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа ниво од 3.464.911.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 2.263.856.000 денари, додека остатокот од 1.201.055.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на цементарница Усје е производство на цемент и други градежни материјали.

Фото: Pixabay