Заштита на личните податоци во телекомуникацискиот сектор

22

Заштита на приватноста на социјалните мрежи, користење на интернет сервисите во јавната администрација и приватните компании, како и следење на електронската комуникација, се дел од темите на 55-от состанок на Меѓународната работна група за заштита на личните податоци во телекомуникацискиот сектор.

Состанокот ќе се одржува денеска и утре, а на истиот се очекува да учествуваат 40 домашни и странски експерти. Посветен е на најновите достигнувања во областа, но и на предизвикот за воспоставување баланс меѓу напредокот на технологијата и правната регулатива за заштита на приватноста.

На отворањето ќе зборуваат директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Димитар Ѓеорѓиевски и поранешниот федерален комесар за заштита на личните податоци и слобода на информирање, Питер Шар.