Затворањето на аеродромот Ататурк ќе погоди хотелски инвестиции од 4 милијарди долари

Затварањето на меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул директно ќе се одрази на работата на дури 62 хотели во неговата близина, за кои е инвестирано скоро 4 милијарди долари, пишува Hurriyet Daily News.

Според податоците на Хотелската асоцијација на Турција овие хотели минатата година имале вредност од 500 милиони евра, креирале 50.000 вработувања и оствариле 230,4 милиони евра приход. Токму затоа хотелиерите во Турција бараат аеродромот да остане во функција, а реално економскиот развој и сообраќајот во Истанбул многу брзо ќе побараат и нов аеродром.

Инаку преселбата на аеродромот Ататурк кон новата локација ќе започне на 29 октомври. Новиот аеродром ќе биде доволно голем за на него да може да слетаат 114 авиони истовремено и ќе вработува 225.000 луѓе.

Истанбулскиот аеродром е меѓу петте најфрекфентни аердороми во Европа, а освен него Истанбул има уште еден, втор аеродром, Сабиха Гокчен, кој се опоравува по падот на патничкиот сообраќај во 2017 година.

Инаку на местото на досегашниот аеродром е планирано да се изгради Народна градина како регионот би останал комерцијално оддржлив.

Фото: Facebook